Нико Вилијамс (24) пред две години беше незаменлив во шпанскиот поход кон европската титула. Левото крило на Атлетик Билбао, со Ламин Јамал, ги тероризираше противниците. Тој го круниса одличното Европско првенство со гол во победата над Англија во финалето.
На Мундијалот, Нико ниту еднаш не беше стартер. Остана на клупата на два натпревари, а влезе од клупата во преостанатите шест.
И во финалето беше резерва, влезе на теренот по 70-та минута и му асистираше на Феран Торес за единствениот гол.
Вилијамс зад себе има тешка сезона, од февруари до крајот на сезоната, тој паузираше речиси три месеци поради повреди, а постоеше можност да не игра на Светското првенство. Тоа е причината зошто ја прослави титулата на особено емотивен начин. Откако ѝ го врачи медалот за светски шампион на мајка си, тој за „ДЗАН“ изјави:
„Мислам дека не сме свесни што всушност значи ова, но сме пресреќни. Лудо е. Сите се тука за да придонесат, никој не може да глуми дека е голема ѕвезда, работиме еден за друг. Мојата сезона беше многу тешка. Одев по го.на, јадев го.на, а сега ги допрев ѕвездите. Ова е најсреќниот ден во мојот живот поради сè низ што поминав оваа година.“
Foto/ EPA






