Злато и олимписки рекорд за Краузер

Злато и олимписки рекорд за Краузер

пред 3 години

Американецот Рајан Краузер, со олимписки рекорд, го освои златниот медал во фрлање ѓуле.

Краузер имаше фантастичен настап во финалето. Во првата серија постави нов олимписки рекорд, 22.83 метри, а во втората серија го подобри рекордот на 22.93 метри. Најдоброто во финалето, тој го остави за последната серија, кога го фрли ѓулето на далечина од 23.30 метри.

Ова е вториот најдобар резултат на сите времиња.

Неговиот сонародник, Џо Ковач, заврши на второто место. И тој, во две серии фрли подалеку од олимпискиот рекорд во Рио Де Жанеиро. Фрлањето од 22.65 метри му го донесе сребрениот медал.

Финалето на третото место го заврши Томас Волш од Нов Зеланд.

Share
Scroll to Top