Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, ги критикува луѓето од клубот поради трансферот на Дони ван де Бек. Не му е јасно зошто клубот толку инсистирал на трансферот во летниот преоден рок, за потоа фудбалерот да не добие вистинска шанса да се докаже на теренот.
Манчестер јунајтед, во летниот преоден рок, на Ајакс за услугите на Ван де бек им платија 40 милиони фунти. Холанѓанецот настапил на 27 натпревар во сите натпреварувања, а во Премиер лигата само два натпревари започнал во стратната постава.
„Знам како му е. Кога добиваш по две или три минути не можеш да се докажаш. Сметам дека не е фер да се каже дека не ги исполнил очекувањата кога не игра во континуитет. Би било интересно да дознаеме што му рекле кога го убедиле да потпише за Јунајтед, сигурно е дека не би дошол доколку знаел дека ќе биде вака“, рекол Фердинанд.
„Го гледав онаа сезона кога Ајакс дојдоа до полу-финалето во Лигата на шампионите. Импресивно беше како доаѓаше до шеснаесетникот, а во исто време можеше да игра и позади, да ја чува топката и да го диктира ритамот. Мислам дека тој може на Јунајтед да му понуди многу работи“.
Фердинанд мисли дека Ван де Бек би требало да игра на позицијата на Бруно Фернандеш за да биде поблиску до голот на противникот.
„Тоа нема да се случи. Очигледно е дека Јунајтед сака цврстина во средниот ред, околу Бруно. Го разбирам тоа, но снагата на Ван де Бек е е да ги заштитува централните дефанзивци. Тогаш оваа констатација го повлекува прашањето зошто инсистираа на неговиот трансфер“, заклучил Фердинанд.