Зубименди го одби Ливерпул

Зубименди го одби Ливерпул

пред 1 месец

Мартин Зубименди одби да се пресели во Ливерпул. Шпанскиот репрезентативец реши да остане во Реал Сосиедад.

Ливерпул имаше намера да ја активира откупната клаузула на Зубименди од 60.000.000 евра. За својата намера го извести Реал Сосиедад, но по неколку дена Зубименди порача дека сака да остане на „Аноета“. Минатото лето, Зубименди ги одби понудите од Барселона и Арсенал.

Зубименди (25) е дете на клубот, за кој дебитираше во 2019 година и досега одигра 188 натпревари во сите натпреварувања.

Беше дел од шпанската репрезентација која го освои Европското првенство во Германија.

Share
Scroll to Top