Ибрахимовиќ никако да стане негативен

Ибрахимовиќ никако да стане негативен

пред 5 месеци

Напаѓачот на Милан, Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ и по 14 дена од објавата дека е заразен со коронавирусот се уште е позитивен, објави италијански „Sky Sport“.

Освен позитивниот тест на Ибрахимовиќ, позитивен на Ковид 19 е и Лео Дуарте, покажаа новите тестови.

Освен овие двајца фудбалери, други позитивни нема, а многумина од таборот на „Росонерите“ деновиве се во своите репрезентации.

Милан идната сабота го игра миланското дерби против Интер, па прашање е дали Швеѓанецот ќе биде во комбинација за тој дуел.

Веста дека има коронавирус тој ја објави на Твитер, на 24. минатиот месец, но засега се чини се уште не е опоравен.

„Вчера бев негативен, денес сум позитивен. Како и да е, немам симптоми. Ковид имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја“ напиша Ибра пред две недели.

Share

Watch Log Horizon: Destruction of the Round Table Episode 1 at website https://animeheaven.pro. See more animeheaven attack on titan

Is It Wrong to Try to Pick Up Girls in a Dungeon? (Dub) (https://animeplanet.cc/m/Y9bm) Episode 13 at website https://animeplanet.cc. See more anime planet no game no life

Scroll to Top