Милан успешно го мина гостувањето на „Енио Тардини“ во Парма. „Росонерите“, забележаа победа од 3:1, иако од 60.минута играа со играч помалку. Мечот го обележа Златан Инрахимовиќ, кој имаше брилијантна асистенција кон Ребиќ, кога Хрватот погоди за 0:1 и поради црвениот картон кој го доби откако го опцу сидијата Мареска.
Милан лесно се справи со Парма во првото полувреме. Ребиќ го постигна првиот гол во осмата минута, а во 44. Кеси зголеми на 0:2.
По еден час игра Ибрахимовиќ доби црвен картон. Шест минути подоцна Галијоло ја врати неизвесноста во натпреварот.
Милан, до крајот ги одби нападите на Парма, а точка на мечот стави Рафаел Леао во 94.минута.
Милан и по ова коло ќе биде втор на табелата, додека Парма е претпоследна со 20 поени.