Црвена звезда се наоѓа пред договор со Колумбиецот, Хуан Мохика.
Договорот на Мохика со Џирона истекува за неколку дена и тој како слободен играч би пристигнал во Белград.
Мохика, последните две сезони не играше за Џирона, туку беше позајмен во Аталанта и Елче. Минатата сезона беше еден од најзаслужните што Елче избори опстанок во Ла Лига.
Во кариерата, Мохика играл и за Рајо Ваљекано и Ваљадолид. Беше дел од репрезентацијата на колумбија на Светското првенство во Русија.