Играњето на „Монжуик“ не носи профит – Барселона бара отстапка за следната сезона

Играњето на „Монжуик“ не носи профит – Барселона бара отстапка за следната сезона

пред 9 месеци

Финансиската ситуација во која се наоѓа Барселона, ги натера клупските челници да испратат барање до Ла Лига, во првите два месеци од новата сезона повеќе натпревари да игра на гостински терен. Причина за ова барање е реновирањето на „Ноу Камп“. На овој стадион нема да можат да се играат до ноември, а клубот поради тоа губи многу пари.

Додега се одвиваат градежните работи на „Ноу Камп“, Барселона домашните натпревари ги игра на Олимпискиот стадион „Монжуик“. Играњето на помал стадион има финансиски последици. Се проценува дека минусот од продажбата на билети во однос на претходните сезони ќе биде меѓу 70 и 90 милиони евра.

Барселона очекува да може да се врати на „Ноу Камп“ во ноември. Дотогаш нема да биде целосно реновиран, но дури и намалениот капацитет од 65.000 гледачи ќе биде поголем од „Монжуик“, кој може да прими 55.000 навивачи.

За да ја намали загубата, раководството на Барселона побара од Ла Лига да и дозволи почесто да оди на гостински терен во првите два месеци од сезоната. Слична отстапка претходно беше направена и за Виљареал и Реал, исто така поради реновирање на стадионите.

Преселбата на „Монжуик“, не само што ја намали посетеноста на натпреварите на Барселона, туку имаше значително влијание и на продажбата на сезонски билети. Иако беше најавено дека „Монжуик“ е само привремено решение, навивачите купија само 17.000 сезонски билети. Минатата сезона беа продадени 30.000 сезонски билети.

Share
Scroll to Top