Извинете Ѓоковиќ и Федерер, но рекордите на Надал се поимпресивни

Извинете Ѓоковиќ и Федерер, но рекордите на Надал се поимпресивни

пред 6 месеци

Новак Ѓоковиќ неодамна го израмни рекордот со тоа што шеста година го обезбеди првото место на АТП листата на крајот на календарската година, но сега и неговиот ривал Рафаел Надал ја круниса 2020 со уште еден рекорд кој ја покажува неговата долговечност – рекордни 790 недели во низа во топ 10 на светот.

Една недела откако ја оствари својата 1.000 АТП победа, како четврт тенисер во историјата (по Џими Конорс, Роџер Федерер и Иван Лендл), и неколку месеци откако ја освои 20-тата гренд слем титула израмнувајќи се со Роџер Федерер, Надал повторно е во топ 10 оваа недела, за да ја продолжи низата од април 2005 година. Уште позачудувачки 81 отсто од овој период тој го помина на првото или на второто место на АТП листата. Првиот влез во топ 5 беше на 25 април 2005, еден ден откако ја освои својата прва од 11-те титули од Барселона опен.

Претходниот рекорд го имаше Џими Конорс со 789 недели во топ 10 од 23 август 1973 до 25 септември 1988 година. Роџер Федерер е трет на листата со 734 недели од 14 октомври 2002 до 31 октомври 2016. Во низата од 790 недели на Надал не се бројат 22-те недели оваа година, кога сезоната беше стопирана поради КОВИД-19.

Во неговата блескава кариера, Надал неколку пати беше во аут со повреди, посебно на колената, но самиот вели дека нема посебен рецепт за долговечноста.

„Горд сум на многу работи во кариерата, бидејќи секогаш ја заддржав страста и љубовта кон тенисот. Горд сум на тој успех, на тоа продолжување да се бркаат целите и во исто време да се остане скромен, да се прифати дека некогаш не можеш да очекуваш многу. Секогаш сум имал помош на тие околу мене и без нив ова би било невозможно“, изјави минатата недела Надал.

Share

KissAnime hunter x hunter kissanime: The Promised Neverland Season 2 Episode 5.5 Episode Full

AnimeHeaven anime online: Watch Dr. Stone (Dub) Episode 20

Scroll to Top