Инзаги: Неутралните уживаа, јас не

Инзаги: Неутралните уживаа, јас не

пред 6 часа

Интер и Јувентус синоќа одиграа спектакуларен меч на „Џузепе Меаца“. Натпреварот заврши беа победник 4:4. Од ремито профитираше Наполи кој сега на првото место има четири бода повеќе од Интер и пет од Јувентус.

Споделувајќи впечатоците по натпреварот тренерот на Интер, Симоне Инзаги истакна дека не е задоволен од резултатот. Не му е јасно како неговите играчи дозволиле да примат четири гола.

„Неутралните фудбалски фанови се забавуваа, уживаа, јас не. Всушност, многу сум лут и разочаран. Ќе треба да анализираме како примивме четири гола.Јуве може да шутне четири пати кон нашиот гол, но не смее да ни даде четири гола“, изјави Инзаги по натпреварот.

„Јувентус требаше да добие седум или осум парчиња вечерва. А не дадовме ни пет. Добро е што создадовме толку многу шанси, но моравме да направиме повеќе. Таму лежи гневот и разочарувањето“.

Share
Scroll to Top