Инсиње се „бунтува“ во Наполи, Интер го чекаат на слободен трансфер

Инсиње се „бунтува“ во Наполи, Интер го чекаат на слободен трансфер

пред 3 години

Според весникот „Ла газета дело спорт“, Лоренцо Инсиње има целосен прекин на комуникацијата во Наполи, посебно со претседателот Аурелио ди Лаурентис и нема шанси да потпише нов договор, по што следното лето како слободен играч би заминал во Интер.

Наполи, како и повеќето фудбалски клубови, уште се во финансиска криза поради пандемијата на КОВИД-19, и побарале од капитенот да прифати намалување на платата од сегашните 5 милиони евра по сезона за да потпише долгорочен договор. Инсиње не е подтовен на ваква отстапка и бара 6 милиони евра на сезона.

Според „Газета“, ова може да ги предизвика Наполи да се обидат да го продадат до крајот на преодниот рок за 25 милиони евра, но не се верува дека ќе има заинтересирани, посебно бидејќи веќе во јануари, тој ќе може да преговара со нов клуб.

Share
Scroll to Top