Интер успеа на Милан да му го „украде“ Аканџи

Интер успеа на Милан да му го „украде“ Аканџи

пред 6 месеци

Мануел Аканџи пристигна во Милано, но не во неговиот црвено-црн дел. Градскиот ривал на Милан, Интер успеа да го обезбеди потписот на швајцарскиот репрезентативец.

Аканџи пристигна во светската престолнина на модата на едногодишна позајмица, за која „нераѕурите“ издвоија 1.000.000 евра. Доколку одигра барем половина од натпреварите или Интер го освои Скудетото, ќе се активира задолжителната опција за откуп за 15.000.000 евра.

Репрезентативецот на Швајцарија одигра 138 натпревари за Манчестер сити во текот на три години, со пет гола и три асистенции.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top