Искусните Французи во борба за четвртфиналето

Искусните Французи во борба за четвртфиналето

пред 5 дена

Франција останува меѓу главните фаворити за победа, иако досега не го одигра најдобриот натпревар како најголем фаворит во групата.

„Галските петли“ имаат тројца напаѓачи во тимот кои се меѓу четворицата најдобри во историјата на француската репрезентација. Рекордер е ветеранот Оливие Жиру, Антоан Гризман и еден од најдобрите играчи во светот Килијан Мбапе.

Тука се и Коман, Маркус Турам, Усман Дембеле и Рандал Коло Муани.

Првото коло го донесе очекуваниот исход – победа на Франција против Австрија.

Резултатот и прикажаното на теренот не ветуваа многу, па Французите славеа со автогол.

Вториот меч, дуелот со Холандија, на гледачите им го донесе првиот натпревар без голови во првенството.

Полјаците, аутсајдери во групата, извојуваа реми со храбриот гол на Левандовски од пенал во 79. минута. што значеше дека Французите ќе одат од второто место во нокаут фазата.

Сепак, нивниот напад досега не ги оправда очекувањата, па се очекува конечно да профункционираат како вистински тим.

 

Share
Scroll to Top