Италијанците се плашат од домашните навивачи затоа не играат во Милано

Италијанците се плашат од домашните навивачи затоа не играат во Милано

пред 3 часа

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, пред полуфиналниот натпревар од квалификациите за Светското првенство против Северна Ирска изјави дека негова одлука е „аѕурите“ да играат на стадионот во Бергамо.

Како што истакна Гатузо, мечето не се игра во Милано, поради стравот дека навивачите на Интер и Милан би можеле да им свиркаат на играчите во случај на грешки на теренот.

„Јас го избрав стадионот. Сакам да им се заблагодарам на сите што ни овозможија да играме во Бергамо. Верувам дека кога одите на стадион како Сан Сиро, има навивачи на Интер и Милан, и тие би можеле да почнат да свиркаат по неколку погрешни додавања. Играњето на помал стадион веројатно ќе ни даде подобра атмосфера. Во Бергамо бев пречекан со раширени раце во моето деби како тренер и очекувам одлична атмосфера“, рече Гатузо на прес-конференција пред натпреварот што ќе се игра во вечерва од 20:45 часот.

Доколку Италија ја победи Северна Ирска, ќе му гостува на победникот од натпреварот помеѓу Велс и Босна и Херцеговина во финалето на плејофот.

Победникот од тој дуел ќе игра во групата Б против Канада, Швајцарија и Катар на Светското првенство. Италија, четирикратниот светски шампион, не се квалификуваше на претходните две Светски првенства.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top