Италија на оригинален начин го објави спискот за ЕУРО 2020

Италија на оригинален начин го објави спискот за ЕУРО 2020

пред 3 години

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, на оригинален начин го објави спискот на фудбалери кои ќе настапат на Европското првенство.

Од поширокиот список отпаднаа Матео Политано (Наполи), Матео Песина (Аталанта), Џанлука Манчини (Рома) и Виктор Огбона (Вест Хем), кој јавно го искажа незадоволството што не нема да игра на ЕУРО 2020.

Голмани се Донарума, Мерет и ветеранот Сиригу. Централни дефанзивци искусните Кјлеини и Бонучи, а од младите сили тука се Бастони, Ачерби и натурализираниот Толои. На бековските позиции Манчини ги има Ди Лоренцо и Флоренци десно, односно Емерсон и Спинацола лево.

Верати, Жоржињо, Барела, Локатели, Пелегрини, Кристанте и Сенси се во редот за врска, а за место во нападот ќе конкурираат Инсиње, Кијеза, Распадори, Бернардески, Берарди, Белоти и Имобиле.

Италија на 11.јуни, во Рим, против Тирција ќе го отвори Европското првенство. Во А-групата, Италија на 16.јуни ќе игра против Швајцарија, а четири дена подоцна против Велс.

Share
Scroll to Top