Италија ја победи Хрватска во дербито на ватерполо турнирот

Италија ја победи Хрватска во дербито на ватерполо турнирот

пред 11 месеци

Ватерполо репрезентацијата на Хрватска загуби од Италија во второто коло на олимпискиот турнир со резултат 14:11. Италија на овој начин и се реваншираше на Хрватска за поразот во финалето на Светското првенство во Доха оваа година.

Италија поведе со 1:0 и 2:1, но Хрватска првата четвртина ја заврши со водство од 4:3. На почетокот на втората четвртина Харков погоди за 5:3, но тогаш почна падот на Хрватска. Италијанците брзо стигнаа до 5:5, а на полувремето беше 6:6.

Натпреварот го реши добрата игра на италија во првата половина од третата четвртина, кога постигнаа три гола и дојдоа до предност 9:6. Предноста италијанските ватерполисти ја сочуваа до крајот на мечот.

Лорен Фатовиќ и Константин Харков со по два гола беа најдобри стрелци во Хрватска, а по еден постигнаа Рино Буриќ, Лука Лончар, Маро Јоковиќ, Лука Букиќ, Анте Вукичевиќ, Марко Жувела и Јерко Мариниќ Крагиќ.

Италијанските стрелци со четири гола ги предводеше Франческо ди Фулвио, а по два постигнаа Андреа Фондели, Гонзало Еченик и Лоренцо Бруни.

Италијанците на тој начин ја постигнаа втората победа и дојдоа до лидерската позиција во поредокот со шест бода. Хрватска и Грција имаат по три бода, но Грците имаат натпревар помалку. Црна Гора, САД и Романија немаат бодови.

Share
Scroll to Top