Единсон Кавани би можел да ја напушти Валенсија, тврдат аргентинските медиуми. Уругваецот минатото лето пристигна како големо засилување за клубот од „Местаља“.
Валенсија наместо борба за место во европските купови до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во лигата. Лошите резултати го фрлија тимот блиску до опасната зона, а поради тоа тренерот Џенаро Гатузо доби отказ.
Голем удар во обидот да клубот да се спаси од испаѓање може да биде заминувањето на Кавани.
Аргентински медиуми повикувајќи се на своите бразилски колеги ја пренесоа изјавата на директорот на Сантос, Хозе Карлос Де Оливеира кој рекол дека се работи на трансферот, но дека се уште ништо не е финализирано.
Кавани летово пристигна во Каталонија од Манчестер јунајтед. Досега за „лилјаците“ одигра 16 натпревари на кои постигна седум гола.