Навивачите на Челси, конечно, можат да забележат зошто нивниот тим плати 71 милиони фунти на Баер Леверкузен минатото лето за да го донесат 21-годишниот Каи Хаверц на „Стемфорд бриџ“.
Младиот Германец пристигна во Лондон со репутација на еден од најталентираните млади фудбалери на светот, но адаптацијата на англискиот фудбал не му одеше најдобро, за во саботата, конечно при 4:1 победата над Кристал палас да покаже што умее.
Хаверц го постигна првиот гол по само осум минути игра, и беше постојана опасност во нападот. Без проблем со физички силните дефанзивни играчи на Палас, тој играше како „лажна“ деветка и беше апсолутно фантастичен, како што покажува видеото.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
Kai Havertz vs Crystal Palace. #cfc pic.twitter.com/TeZAnscwn3
— ??. ?? (@branojr) April 10, 2021