Камил Штох продолжи со триумфи, најдалеку леташе и во Титизе-Нојштат

Камил Штох продолжи со триумфи, најдалеку леташе и во Титизе-Нојштат

пред 4 години

Победникот на Новогодишната турнеја во скијачки скокови, Полјакот Камил Штох славеше и на скокалницата во германски Титизе-Нојштат.

Штох до победата дојде со скок од 144 метри во втората серија што му беше доволно за триумф пред водечкиот во генерален пласман во Светскиот куп, Норвежанецот Халвор Егнер Гранерус и сонародникот Пјотр Зиле.

Денешната беше трета победа за Полјакот во низа, но е само трет во генерален пласман со 608 бода.

Водат Гранеруд со 848 и Германецот Маркус Еисбихлер со 634 бода.

Share
Scroll to Top