Капитенот на Борусија ги скина предните вкрстени лигаменти

Капитенот на Борусија ги скина предните вкрстени лигаменти

пред 4 часа

Капитенот на Борусија Дортмунд, Емре Џан, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено, објави германскиот тим.

Џан (32) се повреди за време на натпреварот во саботата со Баерн Минхен (2:3). Тој се обиде да продолжи со играта, но на крајот од првото полувреме мораше да го напушти теренот.

Поради сериозноста на повредата, Џан сигурно нема да биде во плановите на германскиот селектор Јулијан Нагелсман за овогодинешното Светско првенство, кое се одржува од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.

Во својата репрезентативна кариера досега, Џан има одиграно 48 натпревари за Германија, вклучувајќи го и последниот во септември 2024 година.

Договорот на Џан со Борусија Дортмунд истекува на крајот од сезоната, а во текот на кариерата играше и за екипите на Баерн, Леверкузен, Ливерпул и Јувентус.

По поразот во големото дерби, Борусија Дортмунд е на второто место на табелата во Бундеслигата, 11 бода зад лидерот Баерн.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top