Квартараро го освои Муџело во чест на трагично загинатиот Дупаские

Квартараро го освои Муџело во чест на трагично загинатиот Дупаские

пред 3 години

Фабио Квартараро стигна до својата трета победа во првите шест трки од Мото ГП шампионатот, триумфирајќи на Италијанското ГП во Муџело, кое беше оддржано во траорна атмосфера по смртта на Мото3 возачот, Швајцарецот Џејсон Дупаские по вчерашниот пад на квалификациите.

22-годишниот возач на Јамаха, Квартараро, четврти пат едноподруго стартуваше од пол-позицијата, и овојпат немаше проблеми до крајот на трката, остварувајќи ја шестата победа во кариерата, пред Португалецот Мигуел Оливеира и Шпанецот Жоан Мир, иако двајцата во последниот круг ја поминаа границата на патеката.

Жоан Зарко, Бред Биндер, Џек Милер, Алеш Еспархаро, Маверик Вињалес, Данило Петручи и ветеранот Валентино Роси го комплетираа топ 10.

Трката започна со минута тишина за 19-годишниот Дупаские, кој денеска очина во болницата во Фиренца по страотниот пад на квалификациите. На стартот, Франческо Бањаја го презеде водството, но падна како лидер веќе во вториот круг, кога трката заврши и за Марк Маркез. Зарко потоа имаше интересна битка со сонародникот Квартараро, но на крајот откако ја загуби имаше инцидент со Бастијанини за да загуби повеќе позиции.

Квартараро, кој и вчерашната пол-позиција му ја посвети на Дупаские, по победата беше во солзи и покажуваше на својата кацига каде што го имаше името на починатиот тинејџер.

„Воопшто не беше лесно да се тркаме денеска. Секогаш кога ја поминував деветтата кривина мислев на Џејсон. Ова е за него. Не беше лесно да се изддржи цел викенд“, изјави Квартараро.

Share
Scroll to Top