Квинси Пормес кој во Холандија е осуден на затворска казна пораи шверц на 1,3 тони кокаин е во притвор во Обединетите Арапски Емирати.
Промес е играч на Спартак Москва, пресудата ја дозна во Русија, но беше сигурен поради вложените односи меѓу ЕУ и Русија дека нема да биде екстрадиран. Токму тоа и се случи, Промес играше непречено за Спартак, а пред 10 дена со клубот замина на подготвки во Дубаи.
Синоќа, експедицијата на Спартак се врати во Москва, но без Промес. Тој на аеродромот бил уапсен од граничната полиција на Обединетите Арапски Емирати. Руските медиуми се сигурни дека Промес ќе биде екстрадиран во Холандија.
„За Промес беше опасно да патува во ОАЕ, огромен ризик. Кога замина таму, Холандија го забрзала судскиот процес за да го фатат навреме. Тоа е разбирливо. Не можеме да му помогнеме, бидејќи тој не е државјанин на Русија. Тој ќе биде депортиран од ОАЕ во Холандија. Ситуацијата со Квинси никако нема да влијае на продолжувањето на руското првенство. Тој е добар фудбалер, но утре ќе биде заборавен. На негово место ќе дојде уште еден добар фудбалер“, изјави Светлана Журова, поранешна олимписка шампионка во уметничко лизгање, сега висок функционер на руската Дума.
Холанѓанецот е осуден на шест години затвор за учество во шверц на кокаин кој пристигнал во пристаништето Антверпен во 2020 година. Станува збор за две посебни пратки, кои заедно имале повеќе од еден тон.
Промес негираше, но доказите го покажаа спротивното. Сведоците пред судот рекел дека бил во контакт со луѓе кои купувале контејнери со кокаин од белгиското пристаниште.
Тој е уапсен на 25 април истата година, а во телефонот кој бил прислушуван бил пронајден дополнителен компромитирачки материјал.
Претходно, Промес беше осуден на 18 месеци затвор откако истата година го прободе во коленото својот братучед. Тој напад првично беше окарактеризиран како обид за убиство, но подоцна беше преправен во тежок напад.