„Керик е вистинскиот човек за Јунајтед“

„Керик е вистинскиот човек за Јунајтед“

пред 3 часа

Мајкл Керик го раздвижи Манчестер Јунајтед, откако на клупата го наследи Рубен Аморим. Поранешниот фудбалер на Тотенхем и Манчестер Јунајтед ги врати „црвените ѓаволи“ во борбата за местата во Лигата на шампионите.

Амад Диало, напаѓачот на „Црвените ѓаволи“, нема сомнение дека би сакал да продолжи да работи со Керик.

„Мислам дека тој е вистинскиот човек за оваа работа. Има огромно искуство, го познава клубот совршено и едноставно ја има таа победничка ДНК на Јунајтед. Неговиот однос со секој поединец во соблекувалната е извонреден. Понекогаш тренер како него може да го врати клубот таму каде што припаѓа“, рече Диало.

Напаѓачот е свесен дека конечната одлука не зависи од играчите, но не го криеше своето задоволство од соработката со легендата на клубот:

„Ние не одлучуваме, но моето искрено мислење е дека сите во тимот се навистина среќни и задоволни што го имаат Мајкл за тренер.“

Мислењето на Диало го дели и Брајан Мбеумо.

„Тој знае како да разговара со нас и ќе се обидеме да го извлечеме апсолутниот максимум под негово водство. За нас е многу полесно бидејќи тој веќе совршено ја познава целата средина. Беше одлично да се работи со него досега.“

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top