Кејн го прекина молкот: Боли кога ги читам коментарите за мојот професионализам

Кејн го прекина молкот: Боли кога ги читам коментарите за мојот професионализам

пред 3 години

Хери Кејн, конечно, проговори по огромниот број на шпекулации за неговата иднина и наводниот штрајк со кој сака да ги примора Тотенхем да го продадат на Манчестер сити.

Со соопштение преку социјалните мрежи, Кејн посочува дека утре се враќа на тренинзи, како што било испланирано со неговиот клуб.

„Поминаа речиси 10 години од моето деби за Спарси. Во тие години, навивачите ми даваа огромна поддршка и љубов. Затоа боли што морам да ги читам коментарите од минатата недела кои посочуваат на мојот професионализам. Не сакам да зборувам за деталите, туку само да објавам дека во ниту еден момент не одбив да тренирам. Се враќам утре, како што беше планирано. Не би направил ништо да ги загрозам односите со фановите кои ми даваа целосна поддршка во Тотенхем. Така ќе биде и сега“, напиша Кејн.

Share
Scroll to Top