Кејн стапил во штрајк

Кејн стапил во штрајк

пред 3 години

Најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн, штрајкува со надеж дека клубот ќе му дозволи траснфер. Кејн решил да ја искористи оваа најнепопуларна метода, откако претходно од клубот рекоа дека не постои џентлменски договор на фудбалерот да му се овозможи трансфер.

Хари Кејн, во неделата се врати од одмор, а вчера не се појави во тренинг кампот на Тотенхем. Потврдата дека Кејн решил да го игнорира клубот, стигна денес. Напаѓачот повторно не се појавил во клускиот тренинг камп.

Претседателот Даниел Леви не сака да го продаде Кејн на ривал од Премиер лигата. Од друга страна фудбалерот сака да остане во Англија.

Минатата недела, англиските медиуми, објавија дека Тотенхем одбиле понуда од 100 милиони фунти која ја испратиле од Манчестер сити.

Share
Scroll to Top