Кикс на Баерн против Вердер

пред 6 дена

Фудбалерите на Баерн Минхен не успеаја да го победат Вердер во осмото коло, во Бундес лигата. Во Минхен, европскиот шампион, одигра 1:1 со гостите од Бремен. Вердер имаа предност по завршувањето на првиот дел, на истекот на 45.минута, Нојер го совлада Егештајн. Херојот на Баерн од финалниот меч во Лигата на шампионите, Коман, израмни на 1:1 во 62.минута. До крајот немаше промени во резултатот. Баерн има 19 поени, само еден повеќе од Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ ги освоија бодовите во Билефелед, благодарение на Драговиќ, кој голот за 2:1 го постигна во 88.минута Шалке доживеа нов пораз, Волфсбург победи во Гелзенкирхен со 2:0. Без победник завршија мечевите Борусија Менхенгладбах-Аугсбург (1:1) и Хофенхајм-Штутгарт (3:3).

Share
Scroll to Top