Лос Анџелес Клиперс го израмнија резултатот на 2-2, во серијата против Јута Џез. Во оваа серија, барем досега, клучен фактор е домашниот терен. Четвртиот меч им припадна на Клиперси со 118:104.
Најголемите ѕвезди на Клиперси, Каваи Ленард и Пол Џорџ, го предводеа тимот со по 31 поен, иако заедно лошо шутираа 18/41. Ленард додаде седум скока и едно спектакуларно забивање преку Дерик Фејворс. Џорџ, покрај 31 поен имаше и девет скока и четири асистенции.
Најдобар кај Јута и на овој меч беше Донован Мичел со 37 поени, со лош процент на реализиција 9/26, Џон Инглс постигна 19, а Бојан Богдановиќ 18 поени.
Мичел влезе во историјата на НБА лигата, тој го урна рекордот на Стеф Кари од 2015 година. Мичел на последните пет натпревари постигнува најмалку 30 поени и погодува пет или повеќе тројки.