Клоп беснееше пред новинарите, го чека казна

Клоп беснееше пред новинарите, го чека казна

пред 4 години

Ливерпул не успеа да го победи Брајтон во Премиер лигата. Натпреварот заврши со резултат 1:1. „Црвените“ водеа со голот на Жота во 60.минута, а израмни Грос од пенал во 93.минута.

Брајтон доби пенал откако главниот судија доби сугестија од ВАР-собата. Јирген Клоп со огромна доза на лутина ја прифати таа одлука, дури и му аплаудираше на четвртиот судија.

Германецот сигурно ќе биде казнет, поради таа реакција, но и поради изјавата што ја дал по натпреварот. Покрај ВАР-пеналот, „притисокот“ на Клоп му го крена и повредата на Џејмс Милнер. Ветеранот сигурно еден месец нема да биде во составот на Ливерпул.

Вака се одвивал разговорот на Клоп и новинарот на „БТ Спорт“.

„Милнер се повреди, повторно задната ложа?
Да, честитам.
Мене ми честитате?
Не, им честитам на твоите работодавачи. Задната лоша, какво изненадување. Чудно е што играчите се повредуваат во овие времиња“.

Клоп неколку пати досега ги означи телевизиите како главни виновници за густиот распоред.

Share
Scroll to Top