Клоп: Мекалистер е луд, каков играч

Клоп: Мекалистер е луд, каков играч

пред 6 месеци

Ливерпул потешко од очекувањата го совлада Шефилд jунајтед и се врати на врвот на табелата.

На „Енфилд“, Ливерпул го победи последнопласираниот тим на табелата со 3:1, но резултатот беше нерешен до 76. минута.

„Моравме да копаме многу длабоко за да дојдеме до оваа победа, но тоа е нормално во Премиер лигата. Фудбалот што го прикажавме вечерва не беше одличен во многу моменти, но нашиот став беше добар“, изјави Јирген Клоп за Би-би-си по натпреварот и додаде:

„Видовме колку брзите додавања можат да ја променат играта по 60 минути, Робертсон по линијата, бам бам бам. Потоа, голот на Мекалистер целосно ја промени играта, а на крајот постигнавме уште еден прекрасен гол за 3:1“.

Уште еднаш „Икс фактор“ беше Аргентинецот. Тој постигна спектакуларен гол. Од слободен удар ја погоди и гредата.

„Тој е навистина добар играч, играше „шестка“ во првото полувреме, но знаевме дека можеме да го поместиме малку понапред. Тогаш постигна таков гол! Ги постигна двата најспектакуларни гола во сезоната (претходно против Фулам). Па слободниот удар веднаш потоа, апсолутно лудо, каков играч!’

Следниот натпревар Ливерпул го игра против најголемиот ривал Манчестер Јунајтед.

Share
Scroll to Top