Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп признава дека фактот што актуелниот англиски шампион не дава голови е голем проблем по 0:1 поразот од Фулам.
Поразот беше неверојатен шести во низа на „Енфилд“ и со него им се заканува да не успеат да стигнат до топ 4 пласман во лигата и место во Лигата на шампионите.
„Имаше моменти кога можевме да имаме поголемо влијание на играта. Примањето на голот беше удар, и иако реагиравме на тоа, тоа што не можеме да постигнеме голови е голем проблем. Знаевме дека Фулам ќе ни направат проблеми, бидејќи се во добра форма и дека таков тим заслужува да остане во Премиер лигата“, вели Клоп.
Ливерпул не успеаја да постигнат гол во три од последните четири меча во Премиер лигата, додека осум пати во 14 лигашки мечеви не постигнале гол по 7:0 победата над Кристал палас во декември.