Коларов се уште е позитивен на Ковид 19

Коларов се уште е позитивен на Ковид 19

пред 4 години

Италијанските медиуми пишуваат дека играчот на Интер, Александар Коларов и понатаму е позитивен на коронавирусот.

Капитенот на репрезентацијата на Србија првиот позитивен тест го доби по враќањето во Милано, од Белград. По 10 дена повторно беше тестиран, а резултатот и понатаму покажува дека се уште е заразен.

Коларов поради тоа го пропушти вчера мечот против Сасуоло, а извесно е дека нема да биде во составот на „нероазурите“ и за гостувањето во Менхенгладбах, кај Борусија во рамки на ЛШ.

Хрватот Марсело Брозовиќ ја прележа короната, неговиот тест е негативен, па чека дозвола од УЕФА да може да е дел од тимот на гостувањето во Германија.

Share
Scroll to Top