Арсенал имаше совршена подготовка за одлучувачкиот меч во полуфиналето на Лига Европа против Вилјареал, откако стигнаа до рутинска 0:2 победа над Њукасл на „Сент Џејмс Парк“.
Мохамед Елнени го постигна својот прв премиерлигашки гол по само шест минути игра, по што Пјер-Емерик Обамејанг во 66. минута стави печат на победата по одличната асистенција на Мартинели за победа на „топчиите“.
Арсенал се на 9. место во Премиер лигата со 49 поени, додека Њукасл се седумнесетти со 36 поени, сепак, големи 9 поени пред Фулам на само пет кола пред крајот на шампионатот.