КОНМЕБОЛ жестоко ги казни уругвајските репрезентативци

КОНМЕБОЛ жестоко ги казни уругвајските репрезентативци

пред 4 месеци

КОНМЕБОЛ, јужноамериканската Куќа на фудбалот, донесе остри казни за уругвајските репрезентативци кои учествуваа во инцидентите со навивачите на Колумбија по поразот од 0:1 во полуфиналето на Копа Америка летово во Шарлот.

Најлошо помина напаѓачот Дарвин Нуњес, кој ќе ги пропушти следните пет официјални натпревари.

Покрај Нуњес, најстрого се казнети и другите членови на тимот. Родриго Бентанкур ќе пропушти четири натпревари, а Роналд Араухо, Хозе Марија Хименез и Матиас Оливера ќе пропуштат по три натпревари.

Сите играчи се суспендирани и парично казнети: Нуњез со 20.000 долари, Бентанкур со 16.000 долари, додека Араухо, Хименез и Оливера се казнети со по 12.000 долари.

Парична казна од 20.000 долари доби и Фудбалскиот сојуз на Уругвај.

Капитенот на Уругвај, Хозе Марија Хименез ги бранеше постапките на своите соиграчи, тврдејќи дека играчите ја прескокнале оградата за да ги заштитат своите семејства за време на хаотичните сцени по натпреварот.

Сите овие казни, фудбалерите ќе треба да ги одлежат во квалификациите за СП 2026 година.

Уругвајците во септември ќе се соочат со Парагвај во Монтевидео и со Венецуела во Матурин, додека во октомври имаат гостување во Перу и домашен меч со Еквадор. Во ноември, Уругвај ќе ја пречека Колумбија, а потоа ќе биде домаќин на Бразил.

По шест квалификациски кола, Уругвај е на второто место со 13 бода, два помалку од водечката Аргентина, но осум повеќе од седмопласираниот Парагвај, кој во моментов се бори за место во дополнителните квалификации.

Казните наметнати на клучните играчи би можеле значително да влијаат на понатамошниот тек на квалификациите за Уругвај.

Share
Scroll to Top