Кореецот Сон е новиот капитен на Тотенхем

Кореецот Сон е новиот капитен на Тотенхем

пред 1 година

Хјoнг-Мин Сон е новиот капитен на Тотенхем, официјално објави лондонскиот клуб. 31-годишниот Кореец ќе ја добие оваа чест откако се очекува од Тотенхем да си замине Хуго Лорис, а Хари Кејн, кој требаше да го наследи, од денеска е нов член на Баерн Минхен.

Новите засилувања Џејмс Медисон и Кристијан Ромеро се именувани за заменици на Сон, кој ја започнува својата деветта сезона во Тотенхем.

„Голема чест е да се биде капитен на овој голем клуб. Ова е големо изненадување и многу горд момент за мене. Веќе им кажав на играчите дека сите треба да се чувствуваат како капитени. Ни претстои нова сезона, нов почеток и ќе дадам сѐ од себе за овој дрес и за оваа лента“, изјави Сон за клупската веб-страница на Тотенхем.

Менаџерот Анге Постекоглу ја коментираше неговата одлука.

„Сон има одлични лидерски квалитети и на теренот и надвор од него и е совршен избор да стане нашиот нов капитен. Сите знаат дека е играч од светска класа и има огромна почит од сите во соблекувалната“, изјави менаџерот на Тотенхем.

Share
Scroll to Top