Македонската фудбалска репрезентација не успеа да ја продолжи низата без порази со која стигна и до Европското првенство, откако во последното коло од Лигата на нации, загубивме со 1:0 од Ерменија на Кипар за да ни избега првото место и влетувањето во Лига Б, но и алтернативна шанса за пласман на Светското првенство во Катар во 2022. Човек на одлука беше фудбалер кој македонските љубители на фудбалот добро го познаваат, Ховханес Хамбарѕумјан, поранешниот фудбалер на Вардар, кој во 55. минута со малку среќа и со одбивање на топката од нашите одбранбени фудбалери го постигна единствениот гол на мечот. Очигледно уморни од третиот натпревар во низа, без Горан Пандев, Аријан Адеми и Елиф Елмас, имавме доволно шанси да го осигураме првото место со шанси во првото и второто полувреме, но на крајот тоа не беше доволно за реми, кое не водеше на првото место. Ова беше прв пораз на Македонија во Лигата на нации оваа сезона. ЛИГА НА НАЦИИ, ЛИГА Ц, ГРУПА 2 Ерменија – Македонија 1:0 Грузија – Естонија 0:0 Конечна табела: 1.Ерменија 11, 2.Македонија 9, 3.Грузија 7, 4.Естонија 3
Крај на серијата од соништата! Поранешен вардарец ја остави Македонија во Лига Ц
пред 4 години