Криминалната организација „Ндрангета“ го тероризира семејството Гатузо

Криминалната организација „Ндрангета“ го тероризира семејството Гатузо

пред 10 месеци

Припадници на озлогласената група „Ндрангета“, зад која стои моќното и бескрупулозно семејство Монталбано, со месеци го малтретираат семејството Гатузо, додека калабриската полиција и генерално италијанските власти немо го следат сето тоа.

Римскиот „Ил Месаџеро“ е единствениот досега кој го крена гласот против мафијашката организација, која глобално не е позната како сицилијанската „Коза ностра“ или неаполската „Камора“, но чија моќ не ослабна од 50-ти години на 20 век. .

Американските разузнавачки служби во еден момент објавија дека „Ндрангета“ остварува профит од 3% од бруто домашниот производ на Италија од трговија со дрога, рекет и перење пари.

Како скромното семејство на некогаш успешен фудбалер, сега фудбалски тренер, заврши на црната листа на оваа криминална организација се уште е тема на шпекулации во Италија, но „Ил Месаџеро“ пренесува дека Џенаро Гатузо размислува да ги пресели своите најблиски надвор од Италија, на некое побезбедно место.

Тренерот на Олимпик од Марсеј на неколку начини се обидел да го реши спорот со мафијата, неколку медиуми тврдат дека тој им платил одредена сума на пари на членовите на оваа група, но дека проблемите не престанале.

Последните вести за оваа семејна драма на поранешниот светски шампион со Италија велат дека бил запален уште еден автомобил на сестрата на Гатузо.

Дури тогаш, врз основа на прислушуваните разговори, калабриската полиција ги уапсила двајцата осомничени.

Share
Scroll to Top