Кристијано Роналдо заразен со Ковид-19

пред 4 години

Кристијано Роналдо е позитивен на коронавирус и ќе го пропушти натпреварот на Португалија во рамки на Лигата на нации против Шведска во среда. Според Португалската фудбалска федерација (ПФФ), напаѓачот на Јувентус „се чувствува добро, нема симптоми, но е во изолација“. Останатите во португалската репрезентација добиле негативни резултати, откако денеска беа тестирани и се на располагање за натпреварот од групата А3 во Лисабон. Во понеделникот, Роналдо објави слика со својот тим околу долга маса за време на оброк, со натпис: „Обетинети, на и надвор од теренот“. ПФФ во изјавата додава: „После позитивниот случај, преостанатите играчи беа подложени на нови тестови во вторникот наутро, сите добија негативен резултат и му се на располагање на Фернандо Сантос за попладневниот тренинг“.

Share
Scroll to Top