Куман ќе остане во Барса барем уште две сезони?

Куман ќе остане во Барса барем уште две сезони?

пред 4 години

Роналд Куман ќе го продолжи договорот со Барселона на уште една сезона, со дополнителна сезона доколку ги оствари целите на клубот, јавува каталонското радио.

Бордот на директори на клубот, предводен од претседателот Жоан Лапорта ќе го официјализираат ова на состанокот со тренерот во четврток на „Ноу Камп“, така ставајќи крај на шпекулациите околу иднината на холоандскиот тренер.

Лапорта оваа недела изјави дека преговорите со Куман се на „вистински пат“, а според радиото, Куман се согласил дел од неговата плата да биде претворена во бонуси со точно одредени цели кои мора да ги оствари.

Договорот на Куман со Барса завршува во 2022, но Лапорта сакаше да почека за да види кои се потенцијалните замени за Холанѓанецот, пред да се донесе одлуката. И покрај оваа неизвесност, Куман веќе бил вклучен со скаутите на тимот во потенцирањето на можни засилувања за следната сезона.

Share
Scroll to Top