Капитенот Џорџо Кјелини посочува дека на Јувентус им е потребно време да се најде „балансот“, но признава дека никој нема трпение за тоа и дека тие се обидуваат да го „заддржат бродот а бурно море“.
Јувентус во средата ги победија Специја, за прв триумф оваа сезона, за да сврзат три меча без пораз (вклучувајќи го триумфот над Малме во ЛШ) и Кјелини верува дека кризата ќе помине.
„Мораме да сме способни да го заддржиме бродот на бурно море. Ќе видиме дали ќе поминеме со гребнатинка и со полни едра во пристаништето. Како со сите работи, потребно е време да се најде балансот. Кога има големи потреси, како земјотрес и слично, потребно е време да се застане и пак да се рестартира. Меѓутоа, во денешниот свет, нема трпение за такво нешто“, вели Кјелини за „Скај спортс“.