Лазаров: Не знам дали можам да кажам што ми е на ум, морам да внимавам да не навредам некого

Лазаров: Не знам дали можам да кажам што ми е на ум, морам да внимавам да не навредам некого

пред 4 часа

Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено 29:29 против Португалија во натпреварот од 2. коло од Групата Б на Европското првенство, освојувајќи бод во драматична завршница.

Македонија го освои првиот бод на ЕП и ги задржа шансите за пласман во втората фаза. Во вторник, во последното коло во групата, Македонија ќе ира против Романија, а Португалија за пртивник ќе ја има Данска.

„Не знам дали можам да кажам што ми е на ум бидејќи морам да внимавам да не навредам некого. Ние сме мала земја и сме многу деградирани! Не барам алиби, но самите видовте што се случува. Ќе ни биде многу тешко да се справуваме со вакви работи во иднина. Јавноста не нè сака, не нè поддржува, но тоа е она што ме движи во оваа работа“, рече селекторот Кирил Лазаров.

Потоа им честиташе на своите играчи за она што го покажаа против полуфиналистите на претходното Светско првенство.

„Од срце им честитам на моите играчи за она што го покажаа против полуфиналистите од претходното првенство. Во првото полувреме загубивме многу играчи, сите наши концепти се распаднаа и се создаде хаос. Се обидовме да го средиме тоа за време на паузата и некако најдовме доботна формула“, заклучи Лазаров.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top