Лаказет супер-замена за Арсенал, Лидс како „воз“ преку Вест Бром

Лаказет супер-замена за Арсенал, Лидс како „воз“ преку Вест Бром

пред 4 месеци

Арсенал, конечно, сврза две победи во низа во Премиер лигата, откако Александер Лаказет постигна гол само 21 секунда откако влезе во игра за 1:0 победа на гости кај Брајтон, додека Лидс со 5:0 ги декласираше Вест Бромвич Албион, во меч во кој Езѓан Алиоски постигна фантастичен гол за тимот на Марсело Биелса.

По првото полувреме без голови, Лаказет влезе во игра во 66. минута, и само 21 секунда откако беше во игра доби одлична топка од младиот Букајо Сака и ги донесе „топчиите“ во водство. Ова е втора победа во низа за тимот на Микел Артета по таа над Челси (3:1) со што се прекина една црна низа за лондонскиот клуб. Арсенал сега е на 13. место во лигата со 20 освоени поени, додека Брајтон е над зоната за испаѓање на 16. место со 13 поени.

На „Хоторнс“ пак, ВБА на Сем Алардајс по 1:1 ремито со Ливерпул на „Енфилд“, доживеа потоп против Лидс јунајтед. Роман Соерс уште во 9. минута си постигна комичен автогол, по што дојде фантастичниот гол на Алиоски во 31. минута, за до крајот на полувремето да биде 0:4 по головите на Херисон и Родриго. Рафиња во второто полувреме додаде уште еден гол во меч во кој ВБА имаше неверојатни 20 отсто од поседот на топката.

Барнли во меч кој може да биде клучен во борбата за опстанок со 1:0 го совлада последнопласираниот Шефилд јунајтед, додека Саутемптон и Вест хем одиграа 0:0.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 16.КОЛО

Брајтон – Арсенал 0:1

Вест Бромвич Албион – Лидс 0:5

Барнли – Шефилд јунајтед 1:0

Саутемптон – Вест хем 0:0

Share

4Anime 4anime website: Watch How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 1

WCOStream watch animes: My Hero Academia 2 (https://wcostream.cc/m/Y6yN) Episode 25

Scroll to Top