Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта се огласи со коментар по скандалозните судиски одлуки на натпреварот помеѓу Реал и Алмерија (3:2).
Од Барселона ги поддржаа оние кои сметаат дека Алмерија е ограбена на „Сантијаго Бернабеу“. Сите одлуки на ВАР на натпреварот одеа во корист на домаќините.
„Тоа што се случи на Бернабеу беше срам. Мислам дека судиската организација треба да одговори на низата притисоци кои се појавија врз судиите во текот на сезоната. Ако не добиеме одговор ќе бидеме многу вознемирени“, изјави Лапорта за „Мундо Депортиво“.
Медиумите кои го поддржуваат Реал, велат дека Лапорта и Барселона не се тие што треба го коментираат судењето.
Барселона е длабоко вмешана во скандалот „Негреира“, односно во наводното давање поткуп на судиите и сметаат дека неморално е Лапорта да ги коментира судиите и судењето…