Лаутаро Мартинез, потврдил дека наскоро ќе го стави својот потпис на новиот договор со Интер. Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2023 година. Аргентинецот, минатото лето, беше пред трансфер во Барселона, меѓутоа клубот од „Ноу Камп“, немаше пари да го покрие обесштетувањето од 111 милиони евра, а Интер ја одбија можноста за Лаутаро да добијат помала сума на пари и еден или двајца фудбалери.
„Вистина е дека преговарав со Барселона и трансферот за малку ќе се реализираше. Сепак тоа не се случи, тоа го оставив зад себе. Сега воопшто не размислувам за Барселона, само Интер ми е во мислите, тоа и му го кажав на тренерот“, рекол Лаутаро за „Газета дело Спорт“ и дополнил.
„Сигурно ќе го продолжам договорот. Не знам кога тоа ќе се случи, но ќе се случи. Уште долги години се гледам себе си во Интер. Ми се допаѓа градот, тимот, храната, навивачите. Навистина уживам“.
Лаутаро во 2018 година, за 25 милиони евра, од Расинг се пресели во Интер. За Интер има одиграно 117 натпревари, на кои постигнал 45 голови, 15 од нив постигнал оваа сезона.