Фудбалскиот сојуз на Италија покрена постапка против Лацио поради можно кршење на здравствените протоколи. Казните за кршење на здравствените протоколи се движат од парични до исфрлање од Серија А.
„Газета дело Спорт“, објави дека кршењето на правилникот се однесува на Чиро Имобиле, Лукас Леива и Томас Стракоша. УЕФА ги спречи вие тројца фудбалери да отпатуваат со тимот во Санкт Петербург, на натпреварот со Зенит во Лигата на шампионите.
Стракоша, Леива и Имобиле не играа и минатата недела во ЛШ, против Бриж, но играа неколку дена подоцна против Торино во Серија А. Тестовите кои им биле направени пред натпреварот покажале дека немаат коронавирус.
Фудбалскиот сојуз на Италија ги сослушал претседателот на Лацио, Клаудио Лотито и клупскиот лекар, Иво Петручи. Потоа од Фудбалскиот сојуз ги побарале резултатите од тестовите кои биле направени пред натпреварите со Брижи со Торино.
Според „Газета дело Спорт“, до Сојузот биле доставени и вчерашните тестови.