Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс е голем противник на идејата за плеј-ин турнирот кој од минатата сезона е воведен во НБА лигата.
Минатата сезона беше воведено тимовите од 7. до 10. место да се борат за двете позиции кои водат во плеј-офот.
Актуелниот шампион можно е сезонава да се најде токму во таква ситуација затоа што „Езерџиите“ моментно се петти на Западот со идентичен скор како и шестопласираниот Далас, но и седмопласираниот Портланд, со 36 победи и 28 порази.
Таа идеја за разигрување не му се допаѓа на Леброн.
„Кој и да го дал предлого за ова сра.е, мора да добие отказ“ порача „Кралот“ Џејмс.
Овогодинешниот плеј-ин на програмата ќе е од 18. до 21. мај.