Леклер ја грабна пол-позицијата на Хунгароринг

Леклер ја грабна пол-позицијата на Хунгароринг

пред 1 ден

Шарл Леклер ги шокира возачите на Мкларен во квалфикациите за трката на Големата награда на Унгарија. Возачот на Ферари ја освои 27. пол позиција во кариерата, до неа дојде со резултат 1:15.327 минути.

Мекларен, најдоминантниот тим сезонава во првенството на Формула 1, доминираше на тренинзите и во првите две квалификациски сесии, но двајцата возачи разочараа во последното излегување на патеката. Постигнаа времиња далеку под она што можат со доминантниот болид.

Осакр Пјастри, лидерот во првенството, трката ќе ја започне веднаш до Леклер, а неговиот тимски колега Ландо Норис го освои третото место. До него, од вториот ред, трката ќе ја започне возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.

Неизвесноста во борбата за пол-позицијата најдобро го отсликува податокот дека разлиата меѓу првиот и четвртиот беше само 53 илјадити делови од секундата.

Третиот ред на стартот го освоија пилотите на Астон Мартин: Фернандо Алонсо и Ленс Строл.

Блесна во квалификациите Габриел Бортолето. Бразилецот со Кик заубер го освои седмото место, пред светскиот првак Макс Ферстапен. Зад него се возачите на сестринскиот тим, Рејсинг Булс: Лијам Лосон и Исак Хаџар.

Аполутно разочарување во квалификациите е Луис Хамилтон. Седумкратниот шампион трката во Унгарија ќе ја започне од 11.место.

Големата награда на Унгарија, на Хунгароринг се вози в недела од 15 часот.

Foto/ EPA/Zsolt Czegledi

Share
Scroll to Top