Лестер сити ги демантираа вестите дека се пред потпис со бразилската легенда, ексѕвездата на Реал Мадрид, Марсело во изјава за „Би-би-си“.
Бразилецот, кој е слободен играч по крајот на неговиот договор со „кралевите“, наводно бил блиску до потпишување на едногодишен договор со тимот на Брендан Роџерс.
34-годишниот Марсело помина 16 сезони во Реал, во кои имаше 546 настапи и освои шест титули од Ла лига, пет од Лигата на шампиони и две од Копа дел реј.