Лестер не се шегуваат – го презентираа својот нов тренинг центар

Лестер не се шегуваат – го презентираа својот нов тренинг центар

пред 4 години

Поранешните шампиони од Премиер лигата, Лестер сити го открија својот фантастичен тренинг-центар од 100 милиони фунти, каде што играчите првпат ќе се преселат во четврток.

Клубот работеше на новот центар од минатата пролет, пред да се преселат во малото село Сигрејв, на простор на кој има 14 терени за тренинг и мини-стадион за младински фудбал. Бидејќи комплексот е изграден на поранешен терен за голф, при изградбата се заддржаа 9 од 18-те дупки на теренот за фудбалерите и управата на клубот.

Зградата во центарот на комплексот го носи името на поранешниот сопственик на клубот, Вичаи Шриваданапраба, кој загина во октомври 2018 година во хеликоптерска несреќа заминувајќи си од меч на „лисиците“. Досегашниот тренинг-центар во Белвоар драјв, каде што клубот работеше 60 години, ќе стане дом на женскиот тим на Лестер.

Share
Scroll to Top