Црвена звезда обезбеди место во групната фаза на Лига Европа, откако и на реваншот во Романија стигна до 2:1 победа над ЦФР Клуж, а таму им се приклучија и турските Феербахче и Галатасарај и шкотските Селтик и Ренџерс.
Звезда на гостувањето отпатува со огромна предност од 4:0 од првиот меч, и уште во петтата минута дојде во предност со гол од пенал на Александар Катаи. Романците израмнија преку Дебељух во 34. минута, но Павков во 54. минута им донесе 1:2 предност која ја заддржаа до крајот на мечот.
Ренџерс и Селтик се пласираа исто така во групната фаза, иако се „тресеа“ до последен момент. Ренџерс на гостувањето во Ерменија кај Алашкерт одигра само 0:0, но имаше 1:0 предност од првиот меч, додека Селтик загуби кај АЗ Алкмар со 2:1, но имаше 2:0 предност од првиот натпревар. Фенербахче со високи 5:2 ги совлада ХЈК Хелсинки за убедлив влез во групната фаза, додека на Галатасарај им беше доволна 2:1 победа над Рандерс од Данска за пласман понатаму.
УЕФА ЕВРОПА ЛИГА, БАРАЖ, РЕВАНШ
Алашкерт (Ерм) – Ренџерс (Шко) 0:0, прв меч 0:1, вкупно 0:1
ХЈК Хелсинки (Фин) – Фенербахче (Тур) 2:5, прв меч 0:1, вкупно 2:6
Зорја (Укр) – Рапид Виена (Авт) 2:3, прв меч 0:3, вкупно 2:6
Галатасарај (Тур) – Рандерс (Дан) 2:1, прв меч 1:1, вкупно 3:2
АЗ Алкмар (Хол) – Селтик (Шко) 2:1, прв меч 0:2, вкупно 2:3
ЦФР Клуж (Ром) – Црвена звезда (Срб) 1:2, прв меч 0:4, вкупно 1:5
Слован Братислава (Свк) – Олимпијакос (Грц) прв меч 0:3
Антверпен (Бел) – Омонија (Кип) прв меч 2:4
Легија Варшава (Пол) – Славија Прага (Чеш) прв меч 2:2
Штурм Грац (Авт) – Мура (Сло) прв меч 3:1