Ливерпул го купи Мамрдашвили и го остава на позајмица во „Местаља“

Ливерпул го купи Мамрдашвили и го остава на позајмица во „Местаља“

пред 2 месеци

Инсајдерот за фудбалски трансфери, новинарот Фабрицио Романо, тврди дека Георги Мамардашвили (23) дефинитивно ќе потпише за Ливерпул. Според овој извор Грузиецот ќе потпише шест годишен договор. Валенсија ќе добие 30.000.000 евра, уште 5.000.000 од лесно остварливи бонуси и 10 отсто од следната продажба.

Романо го потврди и она што се пишуваше изминатите денови дека Ливерпул ќе го купи Мамардашвили, но дека ќе го остави голманот уште една година на „Местаља“.

Ова се лоши вести за македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, кој летово како слободен играч пристигна на „Местаља“. Димитриевски дојде во Валенсија со цел дека ќе биде прв голман, знаејќи дека клубот работи на продажбата на Мамардашвили.

Доколку Грузиецот остане во Валенсија, јасно е дека тој ќе биде прв голман. Мамадаршвили бранеше во првите две кола, против Барселона и Селта.

Share
Scroll to Top